Како да резервирате?

Информации за возачи

Најчесто поставувани прашања од страна на издавачите на објекти

Што еTravel2Ohrid.com ?

Доколку издавате апартамани, приватни соби, вили, комплет станови во Охрид или околните туристички места Вие сте на вистинското место.
travel2ohrid.com е единствен веб портал каде што можете да ги поставите објектите кои ги издавате, со тоа да бидат видливи и достапни за туристи од целиот свет.
travel2ohrid.com не е туристичка агенција и не зема провизија за реализирана резервација.

Што добивате со поставување на објектите на travel2ohrid.com ?

Реклама на интернет во траење од 365 денови.
Огласувањето е на три различни јазици (Македонски, Англиски и Српски) со што се покриваат сите најактуелни пазари.

Бесплатно активирање на Вашиот објект travel2ohrid
Активирањето на Вашиот објектот е бесплатно, се што треба да направите за да биде видлив за туристите е успешно да биде внесен и да се потпише договор за соработка

Детелна презентација и професионален опис на понудата.
Презентацијата вклучува: податоци за издавачот, категорија на објектот, оддалеченост од поважните локации, опрема и детали кои ги поседува објектот во внатрешноста.

Презентација на понудата по пат на фотографии.
Неопходен елемент во рекламирањето на туристичките објекти. Секој објект можете сликовито да го претставите преку 10 фотографии.

Презентација на понудата по пат на карта на Охрид.
Секој оглас содржи детална (сателитска / теренска) google карта на Охрид на која многу прецизно и прегледно е обележан Вашиот објект.
Дополнително Вашиот објект ќе биде сместен во делот на “пребарување на објекти со помош на карта на Охрид” , на кој гостинот преку google карта ќе може директно да пристапи до вашиот оглас (погледнете ја картата тука).

Можност за самостојна промена на податоците без наша интервенција.
Ви овозможуваме да ги менувате податоците за објектот со најавување со Вашето корисничко име и лозинка. Можете да ја промените цената (пр. различна цена во зависност од периодот ), описот , деталите и сликите.

Сопствен контакт формулар на страната за Вашиот објект
Секој оглас содржи контакт формулар преку кој потенцијалниот гостин праќа барање директно на вашата маил адреса.
Секоја резервација од страна на потенцијалниот гостин ја добивате на Вашата маил адреса во унифициран формат.

Директен линк до Вашата веб страна (доколку ја поседувате).
Во склоп на презентацијата Ви овозможуваме и директен линк до Вашата веб страна.

Бесплатна годишна измена на податоците и сликите.
Доколку не сте во можност Вие самостојно да ги изменете податоците за објектот , Ви нудиме бесплатна промена на податоците.

Провизија САМО за успешно реализирана резервација.
Наплаќаме 10% од вкупната сума само на потврдена резервација.

Исплатливост.
Поставувањето објект на travel2ohrid претставува инвестиција, во никој случај тоа не е трошок.

Како да поставите објект на travel2ohrid.com ?

Поставувањето на објектот може да се изврши на 2 начини

1. Самостојно поставување на објект:
Вие можете сами да го поставите објектот брзо и едноставно. Со пополнување на формуларот .

2. Поставување на објектот од страна на администраторите:
Нудиме можност поставувањето на објектот да биде извршено од наша страна. За тоа потребно е да ни ги пратите информациите и фотографиите за Вашиот објект на info@travel2ohrid.com. Поставувањето на објектот од наша страна е бесплатно.
За да дознаете како ќе изгледа Вашиот објект погледнете дел од веќе поставените објекти (погледнете пример тука)

Како Вашиот објект да биде активен на travel2ohrid.com ?

За Вашиот објект да биде активен, а со тоа и видлив за посетителите на веб порталот потребно е да се потпише договор за соработка.
За повеќе информации како и потпишување на договорот за соработка ве молиме обратете се во просториите на Туристичката агенција Глобус травел на улица Бул. Туристичка Мини Пазар Гранит, локал 5 запад, или на телефоните (078-251-275 Дејан) или (078-421-453 Елена).

Каде се промовира travel2ohrid.com ?

Значаен дел на средства одделуваме за промоција на travel2ohrid.com. Промоцијата на travel2ohrid.com се врши на строго определени целни групи и држави. Маркетинг тимот секоја година изработува маркетинг план.
Имаме воспоставено партнерски односи со повеќе слични веб портали од други држави (Хрватска, Србија, Црна Гора, Германија .... )


Контакт! Имате прашање до тимот на travel2ohrid ?

Доколку имате некое прашање, тимот на travel2ohrid Ви стои на располагање.
Можете да не контактирате преку:
Телефон: 078-251-275
Емаил: кликни тука за контакт форма
Skype: travel2ohrid

Ги очекуваме Вашите прашања!



Прочитајте некои од изјавите на нашите корисници тука !

Почувстувајте ја моќта на интернетот и заработете повеќе.

Внеси објект